Германија субвенционира електричен „Опел“ со 4.380 евра

Од:

„Опел“ ја објави цената на електричниот модел „Ампера-е“ во Германија, каде овој автомобил со државните субвенции ќе чини 34.950 евра.

Официјалната цена на „Опел Ампера-е“ во Германија е 39.330 евра, но купувачите ќе ги чини 34.950 евра, бидејќи стапија во сила субвенциите за купување на електрични автомобили.

На почеток „Ампера-е“ ќе биде достапна во верзијата „Фрст Едишн“, која се продава со ексклузивна опрема. Оваа варијанта е врв на понудата, со металик боја, а стигнува со многу премиум детали, како и системи за асистенција на возачот.

На списокот на опремата се наоѓа „Опел Ај“ предна камера со индикатор за растојание од возилото напред и систем за предупредување во случај на несакано напуштање на возната лента, како и систем за помош при паркирање.

Покрај наведената опрема, верзијата „Фрст Едишн“ стигнува со детали кои влијаат на комфорот на возачот и патниците, како кожен ентериер со греачи во воланот и во предните и задните седишта.

Новиот мултимедијален систем ИнтелиЛинк-е и технологијата Опел ОнСтар обезбедуваат поврзаност на возилото со смартфон уреди и интернет, а на љубителите за добар звук на располагање е аудио систем Босе.

Автомобилот е опремен со алу фелни со пречник од 17 инчи.

„Опел Ампера-е“ според мерењата се темели на НЕДЦ тестниот циклус и има максимална автономија од 520 километри со едно полнење на батеријата, чиј капацитет е 60 киловат часови Сепак, автономијата во секојдневното возење ќе варира во зависност од стилот на возењето, конфигурацијата на патот и други надворешни фактори.

Ако се дополнуваат на брзи јавни полначи од 50 киловати, батериите по 30 минути веќе се наполнети толку да возачот може да извози следни 150 километри пат.

Благодарение на електромоторот од 204 коњски сили (150 киловати) автомобилот од 0 до 50 километри на час забрзува за 3,2 секунди, а од 0 до 100 километри на час за 7,3 секунди. Максималната брзина е лимитирана на 150 километри на час, за да се заштеди енергија.

„Опел Ампера“ со должина од 4,16 метри нуди доволно простор за превоз на пет патници, со 381 литар зафатнина за сместување на багаж (1.274 литри со симната задна клупа).

Автомобилот се произведува во фабриката „Џенерал Моторс“ во Мичиген, во која се произведува и сестринскиот модел „Шевролет Болт ЕВ“ за американски, канадски и корејски пазар.

„Опел“ ќе биде фокусиран на тоа во текот на 2017 година да ги подмири потребите на пазарите со развиена култура на возење на електрични автомобили, како што се Норвешка, Холандија, Швајцарија и Германија.

За „Ампера-е“ веќе владее голем интерес во Норвешка, каде е претставена во текот на декември 2016 година, а до денес „Опел“ примил над 4.000 порачки од норвешки купувачи.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска