Германија 20 години беше без пораз во мундијалските квалификации, пред да налета на Македонија

Од:

Германската национална фудбалска селекција вечерва загуби со 2:1 на домашен терен од македонската фудбалска репрезентација во третото коло од квалификациите за СП 2022, што е првиот пораз за „Панцирите“ на квалификациските турнири на светските шампионати уште од 2001 година.

Вкупно, поразот во првото одмерување на силите со нашата селекција е само трет за Германија во мундијалските квалификации: во 2001 година, таа загуби од Англија (1:5), а во 1985 година – од Португалија (0:1).

Прекината е рекордната серија победи на „панцерите“ од 18 натпревари во квалификациите за СП, додека серијата без пораз изнесуваше 35 натпревари (30 победи и пет нерешени средби).

Германската репрезентација сега е на третото место во квалификациската група Ј, зад Ерменија, која има девет бода и Македонија, која е втора со шест.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис