Германците ќе играат против илјадници „Нејмари“

Од:

Иако е јасно дека најдобриот бразилски фудбалер Нејмар вечерва нема да може да и помогне на својата селекција во полуфиналниот меч на Мундијалот против Германија, сепак „панцирните“ вечерва на стадионот „Минеирао“ во Бело Хоризонте ќе се соочат со десетици илјади „Нејмари“.

На трибините на „Минеирао“ вечерва Германците ќе ги пречекаат илјадниците домашни навивачи кои ќе носат маски со ликот на Нејмар, како дел од кампањата која владее во земјата домаќин на СП како поддршка за напаѓачот на Барселона.

Бразилците на тој начин сакаат да ја искажат благодарноста кон најдобриот стрелец на „кариоките“ на Мундијалот, воедно да му изразат поддршка за брзо заздравување по тешката повреда.

Целата кампања ја започна еден брачен пар кој со вакви маски се појави на четвртфиналнит меч против Колумбија. Големата кампања ја поддржаа и челниците на Бразилската фудбалска федерација, која предложи сите навивачи на „Кариоките“ да дојдат во маици на кои ќе биде испишано „#somostodosneymar#“, односно „сите сме со Нејмар“.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска