Геце признава: Згрешив што не отидов во Ливерпул

Од:

Херојот на Германија од СП во 2014 година, Марио Геце признава дека направил грешка кога одбил трансфер во Ливерпул во 2016 година, кога повторно можеше да работи со својот екстренер Јирген Клоп.

Геце стана херој кога го постигна победничкиот гол во продолженијата на СП во Бразил против Аргентина, по што трансферот во Баерн Минхен го направи најскапиот германски фудбалер во историјата. Но, оттогаш работите не одеа на добро – по три години се врати во Борусија Дортмунд, а сега игра за ПСВ Ајндховен.

„Уште контактирам со Клоп и зборувавме за трансфер во Ливерпул кога дојде таму. Но, тогаш не бев во ментална состојба да замислам таков трансфер и тоа не се случи. Дали жалам? Секогаш е тешко да гледаш наназад, но ако ме прашате сега, да, требаше да отидам во Ливерпул. Направив лоша одлука, но не се каам. Клоп е човекот кој имаше најголемо влијание во мојата кариера. Знае да бара многу од тебе, но и да биде твој пријател. Така ги креваш своите перформанси. Тоа се случи со мене тогаш и тоа се случи со Ливерпул. Би можел да замислам да работиме заедно еден ден. Тој и Пеп Гвардиола се најважните тренери во мојата кариера“, вели Геце.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ