Газдата на Интер богати ги награди фудбалерите

Од:

Фудбалерите на Интер со победата над Викторија Плзен изборија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Интер ја мина групата во која беа и Баерн односно Барселона.

Газадата на Интер, Жанг Кангјанг, реши богато да ги награди фудбалерите за изборениот пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Секој играч ќе добие по 2.000.000 евра, што е дупло повеќе од сумата што ја добија минатата сезна за пласманот во осмина-финалето.

„Пласманот во осмина-финалето е доказ за работата што ја работиме. Никој не се осмелуваше да го замисли ова пред шест години. Ние секогаш работиме на растот и на подобрувањето на нашата структура. Ние сме победнички тим, на теренот и надвор од него. Успехот им го посветувам на навивачите кои секогаш не поддржуваат, на сите што работат со мене, како и на моето семејство“, изјави по натпреварот за „Скај спорт“, беше ентузијаст по натпреварот Жанг Јуниор, чиј татко Жанг Џиндонг е високо рангиран во Комунистичката партија на Кина. .

Како лидер на групацијата „Санинг Холдингс“, неговиот син поседува нешто помалку од 70 отсто од Интер и нема намера да го напушти клубот.

„Интер се продава? Тие гласини кружат веќе две-три години. Секогаш има многу гласини, но мора да се фокусираме на себе. Не разговарам со ниту еден инвеститор, клубот не е на продажба. Ќе бидеме фокусирани на победите се додека јас сум претседател“, изјави Жанг, во Европа познат како Стив.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП

Навивачите на Интер го сакаат Диего Симеоне за нов тренер