Гатузо по дуелот со Дуделанж: Беше потешко отколку што очекував

Од:

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше задоволен од победата со 1:0 над Дуџанданг во групата „Ф“ од Лигата на Европа.

Тренерот, сепак, призна дека натпреварот беше потежок отколку што очекувал и го пофали ривалот за неговиот настап.

– Ми се допадна ставот на тимот. Сепак, можевме да решиме сѐ порано. Натпреварот беше потежок отколку што очекував, но им дадов шанса на многу играчи и го постигнавме саканиот резултат. Не постои такво нешто како сигурен резултат во фудбалот. Ние сме задоволни со победата и голот на Пипита (Игуаин). Имаше уште неколку шанси и можеше да направи „хет-трик“, изјави тренерот на „росонерите“ по вчерашниот дуел.

Тој потоа објаснуваше зошто излегол со многу резерви на теренот.

– Направив промени во тимот, но тоа не беше затоа што мислам дека Дуделанж е слаб тим. Ги направив, бидејќи верувам во овие играчи и видов како тренираат во текот на неделата. Јас не сум толку глупав за да пуштам на теренот некого, на кого не му верувам, додаде Гатузо.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

Милан за Калулу издвои 1,3 милиони евра, ќе го продаде за 50 пати поголема сума

Милан подготвиле нов договор за Жиру