Гатузо: Не треба да се плашиме од Интер

Од:

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ја одржа својата традиционална прес-конференција пред утрешниот дуел со Интер.

Во пресрет на 169-тото „Миланско дерби“, популарниот Рино најави дека ќе побара од своите играчи да покажат смиреност и самодоверба.

– Интер е силен тим не само на хартија. Го покажаа тоа во Лигата на шампионите. Тимот е физички силен. Не треба да се плашиме, бидејќи во последното дерби имаше голем страв во нашиот тим. Мораме да го почитуваме Интер, но да играме на начин, како што можеме. Играчите на Интер имаат различни карактеристики од нашите. На техничко ниво, ние не не отстапуваме, па дури и поседуваме некои работи повеќе, изјави Гатузо.

Тој оцени дека дербито е важно за навивачите, но дека тоа дава три поени, како и сите други натпревари.

– За клубот ова е посебен меч. Таков натпревар се добива со добри акции и малку среќа. Во последниот дуел против Интер, бевме многу среќни и тие заслужуваа да победат. Игуаин? Јас му верувам на колективот. Гонзало постигна голови благодарение на тимот. Ние треба да му дадеме многу пасови за да му дадеме шанса да постигне гол. Не мислам на пласманот во моментов. Го насочив вниманието кон средбата со Интер и подготовката на тимот за овој меч, изјави Рино.

Гатузо додаде дека не е загрижен и знае со какви квалитети располага тимот, нагласувајќи оти не сака да биде споредуван со тренерот на „нероазурите“, Лучано Спалети.

– Добриот физички тренинг е карактеристичен за тимот на Интер. Ако направите грешка на својата половина, тие се подготвени да ве казнат. Утре Калдара ќе почне од клупата. Има мал проблем, но тој се чувствува добро. Не можам да се споредувам со Спалети. Патот е многу долг и не делат околу 20 години искуство. Тој е многу добар во правењето промени кога е потребно, нагласи тренерот на Милан.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска