Гатузо им се извини на навивачите на Наполи по поразот од Фиорентина

Од:

И во домашниот меч проитв Фиорентина, Наполи на ниту еден начин не убеди дека излегува од кризата во која се наоѓа уште од почетокот на сезоната. Неаполитанците загубија со 0-2, а тренерот на тимот Џенаро Гатузо, им се извини на навивачите.

Тој е првиот тренер на екипата од Зденек Земан во 2000 година што загубил 4 од првите 5 натпревари во Калчото. Неговата единствена победа досега беше во против Сасуоло, а во следното коло доаѓа судирот со шампионот – Јувентус.

– Прво, треба да им се извиниме на нашите приврзаници и целиот град затоа што нашата презентација беше срамна. На некои од претходните натпревари одигравме добро, но денес одигравме добро на теренот не повеќе од 20-25 минути. Очигледно имаме многу работа да завршиме. Нема смисла да се бараат изговори. Ние удривме на дното и мора да откриеме зошто, изјави Гатузо по мечот.

Спореднего, тимот изгледал како да се запознал утрото пред натпреварот.
– Нема организација, нема тимски дух. Чудно е затоа што добро трениравме во текот на неделата. Како и да е, во самиот натпревар, не се случи ништо од тоа што сакавме. Бев оптимист и верував дека ќе победиме, но игравме без срце. Јасно е дека сме далеку од вистината, изјави Светскиот шампион за 2006 година.

Би можело да ве интересира

Гатузо нов тренер на Фиорентина

Иднината на Гатузо во Наполи зависи од резултатите со Аталанта и Јувентус

Гатузо ќе потпише нов договор со Наполи до 2023 година

Жарко Настоски

Гатузо за назначувањето на Пирло: Тешко него!

А1он

„Можеме да постигнеме големи работи“, вели Гатузо по пласманот во финалето на купот

Жарко Настоски

Липи: Гатузо станува врвен тренер

А1он