Гасперини по пеналите досудени за Јуве: Дали играчите треба да си ги отсечат рацете?

Од:

Аталаната синоќа не успеа да победи на гостувањето кај Јувентус, кој на два пати го изедначуваше резултатот од пенал.

Тренерот на тимот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини е незадоволен од судиските одлуки.

– Пеналите се многу строго досудени, особено во италијанскиот шампионат. Дали играчите треба да ги отсечат рацете? Ова не е прва ваква казна што ја видовме во една сезона, имаше многу работи со различни тимови. Ова е лудо, а толкувањето на правилата овде не е исто како во другите земји. Нема такви казни за случајно играње со рака во било која ситуација. Не верувам дека постои слично толкување во друга земја, изјави Гасперини.

Тоа беше одличен настап против лидерот на првенството. Им кажав на момците да го третираат овој натпревар како натпревар во Лигата на шампионите, затоа што во август ќе се сретнеме со екипи од ова ниво. Задоволен сум од настапот и многу разочаран што не победивме, потенцира италијанскиот стручњак.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Торино го најави своето заминување од тимот

Ана Ололовска

Еузебио Ди Франческо нов тренер на Каљари

Ана Ололовска

Конте може да го напушти Интер, кандидат за замена е Алегри

Ана Ололовска

СПАЛ остана без тренер

Ана Ололовска

Интер е подготвен да го откупи Алексис со намалување на платата

Ана Ололовска

Имобиле со четири голови предност пред Роналдо на едно коло до крајот на Серија А

Ана Ололовска