Гасперини: Оваа сезона Аталанта има потешка група во Лигата на шампионите

Од:

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини ги сподели своите очекувања за групната фаза во Лигата на шампионите пред почетокот на сезоната 2021/22.

Италијанскиот тим вечер од 21 часот ќе гостува во Шпанија кај Виљареал.

– Знаеме колку е силен Виљареал, особено на домашен терен. Ќе биде важен натпревар за оваа Лига на шампиони. Ние мора да бидеме подготвени. Играме со многу квалитетни тимови, но во Лигата на шампионите се секогаш најдобрите. Ја делиме истата желба за напредок. Имаме многу тешка група, потешка од претходните години. Ќе направиме се што е во наша моќ, истакна Гасперини за „Фудбал Италија“.

Аталанта во групата Ф ќе се соочи со Виљареал, Манчестер јунајтед и Јанг Бојс.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска