Шпанецот Пау Гасол си заминува од Лос Анџелес Лејкерс и негова следна дестинација ќе биде Чикаго Булс.
Оваа одлука тој ја соопшти на својот Твитер профил на кој меѓудругото напиша дека му се радува на новото поглавје во неговата кариера.
It hasn't been easy. After meditating it a lot I've chosen to play with the Chicago Bulls. Looking forward to this new chapter of my career
— Pau Gasol (@paugasol) July 12, 2014
Шпанецот ги одби двете понуди на „езерџиите“ вредни 23 и 29 милиони долари за две односно три години.
За услугите на ветеранот интерес пројавија и составите на Сан Антонио и Оклахома. Минатата сезона Гасол за Лејкерси одигра 60 натпревари на кои имаше просек од 17,4 поени и 9,7 скока.