Фут Меркато: Дембеле одлучи да го обнови договорот со Барса, иако се уште не се договорил за условите

Од:

Играчот од средниот ред, Усман Дембеле, најверојатно ќе остане во Барселона. Според „Фут Меркато“, 24-годишниот Французин се согласил да го обнови договорот со каталонскиот клуб. Тој се уште не се договорил за условите од договорот, но категорично нема да си замине.

Барселона јасно му стави до знаење на Демебеле дека е неопходно да се донесе конечна одлука пред почетокот на 2022 година.

Каталонците дури се подготвени да понудат договор на само две години за да му дадат одредена слобода на играчот.

Дембеле игра за Барселона од 2017 година, каде за 135 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд. Договорот на играчот со клубот е со важност до 30 јуни 2022 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска