Фулам и Ливерпул со интересно реми на стартот на Премиерлигата

Од:

Александар Митровиќ ја продолжи својата голгетерска форма од англискиот Чемпионшип и во Премиерлигата, постигнувајќи два гола за Фулам да одигра интересно 2:2 реми со фаворитите Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

По едногодишна пауза, повторно премиерлигашки фудбал на „Крејвен котиџ“, во меч во кој Фулам може да жали што двапати не успеа да го заддржи водството против неимпресивните гости.

Митровиќ одличната игра на својот клуб ја круниса во 32. минута со гол над Трент Александер-Арнолд, но „црвените“ успеја да се соземат откако во игра влезе Дарвин Нуњез, за во 64. минута да постигне прекрасен гол со петица. Домаќините ја вратија предноста во 72. минута, откако Виргил ван Дајк го собори Митровиќ во шестнесетникот, а Србинот беше сигурен од белата точка. Поен за Ливерпул спаси Мохамед Салах во 80. минута од мечот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фулам го отпушти Раниери

Фулам може да го отпушти Раниери

Солскјер: Се надевам дека можеме да останеме во првата четворка

Погба: Убаво е да постигнувам голови, но е поважно да победуваме

Фудбалери на Фулам се степале за време на јога

Наум Локоски

Сари пред мечот со Фулам: Раниери ме инспирираше да станам тренер

Наум Локоски