Фудбалскиот клуб Пелистер бара да игра во Првата фудбалска лига

Од:

Во очекување на одлука на Фудбалската федерација на Македонија за начинот на завршување на годинешната фудбалска сезона, ФК Пелистер, есенскиот првак во Втората лига – Запад, со соопштение до ФФМ и спортската јавност, побара клубот на есен да биде прволигаш.

Од ФК „Пелистер“ посочуваат дека во интерес на почнати проекти, а како обврска кон симпатизерите, ја информираат јавноста дека ФК Пелистер, во годината во која што слави 75-годишнината од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал.

– Со оглед на ново настаната ситуација, сакаме да потенцираме дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел. Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона, соопштија од ФК Пелистер-Битола.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска