Фудбалската репрезентација во Порто по остварување на сонот – пласман на Светско првенство

Од:

Македонската фудбалска репрезентација е пред најголемиот предизвик во историјата. Дуелот со Португалија за пласман меѓу селекциите учеснички на Светското првенство кое кон крајот од годинава ќе се одржува во Катар. По сензционалната елиминација на Италија во Палермо, за капитенот Стефан Ристовски и соиграчите на патот до остарување на сонот стојат Кристијано Роналдо и останатите славни фудбалски имиња од португалскиот состав.

„Дојдовме во Порто да го оствариме сонот на сите Македонци. Бевме на Европско, сега сакаме да бидеме дел и од Светско првенство. Го заслуживме тоа. Ја победивме Германија во квалификациите, ја елиминиравме и Италија. Останува да го дадеме најдоброто од себе против Португалците. Тие важат за фаворити, играат дома на „Драгао“, но веќе сите добро знаеме, Македонија тоа го докажа, дека во фудбалот не победуваат секогаш тие што се подобро рангирани. Подготвени сме за голема борба“, вели Езгјан Алиоски.

Фудбалерите вечерва ќе го одржат и официјалниот тренинг на стадионот „Драгао“ каде утревечер, со почеток во 20.45 часот, ќе стартува најважниот меч за Македонија. За сонот и за Светско – да стане јаве.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов