Фудбалска револуција во ЛШ, ждрепката ќе ја одредува компјутер

Од:

Следната сезона Лигата на шампионите ќе има нов изглед, бидејќи досегашниот начин на натпреварување со четири екипи во секоја група ќе остане запишан во историјата, а во иднина ќе се игра лигашкиот натпревар.

Но, тоа нема да биде единствената промена, бидејќи ќе се промени и ждрепката. Во иднина нема да има стандардна церемонија на која еден од познатите фудбалери и челниците на УЕФА ќе извлекуваат топчињата.

УЕФА одлучи да воведе вистинска револуција, па наместо стандардната ждрепка, во иднина ждрепката ќе се одредува компјутерски.

Навивачите не се многу ентузијасти за ова, бидејќи сметаат дека само тогаш има простор за манипулации, но во иднина ждрепката ќе биде таква.