Фудбалот е најдрагиот спорт на Македонците, потврди ново истражување

Од:

Фудбалот е најпопуларен спорт меѓу македонските граѓани, а интересот за натпреварите на националните тимови постојано бележи раст,

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето што специјализираната меѓународна компанија „Kantar Media“, го спроведе за потребите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со поддршка на УЕФА.

Истражувањето, како што објави ФФМ, покажува дека вкупно 58 отсто од анкетираните гледаат во фудбалот „спорт број еден во Северна Македонија“, а интересот за овој спорт е најголем меѓу популацијата меѓу 18 и 24 години.

Резултатите од истражувањето, исто така, покажуваат дека фудбал меѓу детската популација тренираат 27 отсто, што е највисок процент споредено со другите спортови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ