„Франс Фудбал“: Катар ги купил гласовите за СП во 2022 година

Од:

Фудбалскиот неделник „Франс фудбал“ денеска го обвини Катар дека ги купил гласовите за добивање на правото за организирање на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Неделникот ги обвинува првите луѓе на ФИФА, Француската фудбалска федерација и Катарската фудбалска федерација дека учествувале во заговорот „Катаргејт“.

„Франс фудбал“ на 20 страници објави досие со кое ги поддржува обвиненијата за купување на гласови.

Меѓу обвинените е и претседателот на ФИФА Мишел Платини, кој како што тврди неделникот, бил еден од заговорниците за Катар да ја добие организацијата на Мундијалот.

Според весникот Платини признал дека бил на вечера со тогашниот претседател на Франција Николас Саркози и премиерот на Катар, кога наводно било договорено оваа земја да го добие Светското фудбалско првенство во 2022 година.

– За време на вечерата Саркози од мене ниту еднаш не побара да гласам за Катар, тврди Платини.

Катар на 2 декември беше избран за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година, добивајќи 14 гласови од 22 члениот Извршен одбор на ФИФА. Во трката за мундијалот беа САД, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА