Франција – Србија прв полуфинален пар во Дејвис купот

Од:

Тениските репрезентации на Франција и Србија ја сочинуваат првата полуфинална двојка во Дејвис купот.

По двата натпревраувачки дена од четвртфиналето, Франција и Србија веќе имаат недостижна предност од 3-0 во победи во дуелите против Велика Британија и Шпанија, па така денешните сингл мечеви ќе бидат само чиста формалност.

Пласман во полуфиналето обезбеди и селекцијата на Австралија која со 3-2 во победи ја совлада репрезентацијата на САД.

Затоа пак голема борба се очекува на последната четвртфинална пресметка и тоа во Шарлерој, каде домашната селекција на на Белгија води со 2-1 во победи против Италија.

Полуфиналните натпревари во Дејвис купот ќе се играат од 15 до 17 септември.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ