Картонски исечоци со фотографии од фановите ќе ги бодрат играчите на Менхенгладбах

Од:

Картонски исечоци на кои се прикажани група на поддржувачи на германскиот фудбалски клуб Борусија Менхенгладбах се поставени на трибините на стадионот „Борусија Парк“ во Менхенгладбах, Германија.

Поддржувачите на Борусија Менхенгладбах сакаат да придонесат за подобра атмосфера за време на „натпреварите со духови“ во германската Бундеслига.

Германската влада и локалните власти ги зголемија мерките за спречување на ширењето на COVID-19 и поради тоа ги забранија јавните собири меѓу кои и посетата на фудбалските стадиони.

Федералната и државната конференција за кризата со коронавирусот потврди дека сите претстојни големи настани во државата ќе бидат прекинати до 31 август оваа година.

Во Германија евидентирани се вкупно 134,753 заразени од коронавирус, додека 77,000 се излекувани, а 3,804 починаа од смртоносниот вирус.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ