Компанијата „Морган“ го претставува новиот старовремски автомобил за деца „Морган ЕВ3 Џуниор“.
Овој детски автомобил е целосно рачно изработен, баш како и старата верзија на „Морган ЕВ3“, а подеднакво е привлечен поради неговото тело од карбон, дрвената контролна табла и рачно сошиената кожна внатрешност.
Ова автомобилче може да достигне брзина и до 16 километри на час.
Покрај прекрасниот изглед, „Морган ЕВ3 Џуниор“ по цена од 7.500 евра, поседува и интересно осветлување, како и автентична емајлирана значка што сигурно ќе му се допадне на секое дете.