ФОТО: Избрани натпреварувачите од Македонија за Европското првенство во бодибилдинг и фитнес

Од:

Викендов во Штип се одржа купот на Македонија во бодибилдинг и фитнес за 2013 година. Ова натпреварување имаше цел да изврши селекција на натпреварувачите што  ќе ја претставуваат Република Македонија на  претстојното Балканско првенство  во фитнес и бодибилдинг, кое ќе се одржи следната недела во Пловдив, Република Бугарија.

fitnes-natprevaruvaci-22 (3)

Учество зедоа 12 натпреварувачи поделени во седум  категории. Натпреварот го отвори претседателот на бодибилдинг и фитнес-федерацијата, Бобан Геровски.

fitnes-natprevaruvaci-22 (8) fitnes-natprevaruvaci-22 (7)

На манифестацијата беа доделени и признанија за клубовите што ги исполнуваат критериумите предвидени од страна на федерацијата за да бидат регистрирани како клубови што можат да земат учество во натпреварувањата за фитнес и бодибилдинг.

fitnes-natprevaruvaci-22 (6) fitnes-natprevaruvaci-22 (5) fitnes-natprevaruvaci-22 (2)

Апсолутен победници и во машка и во женска конкуренција на ова натпреварување се Антонио Андоновски и Семра Ајро, кои ќе ја претставуваат Република Македонија на претстојното Европско првенство во фитнес и бодибилдинг.

fitnes-natprevaruvaci-22 (1) fitnes-natprevaruvaci-22 (4)

Покровител и организатор на оваа манифестација беше штипскиот клуб „Power gym“.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Пуштена во употреба фитнес зоната во парк шумата Гази Баба

Ана Ололовска

Инстаграм инструкторката Хена Полатис вежбаше со ќерка си

Наум Локоски

Мајка на шест деца го открива рецептот за својата неверојатна линија

Ана Ололовска

Прием за медалистите од Балканското бодибилдинг првенство

Ана Ололовска

Сакал да биде како Хулк – за малку ќе ги загубел рацете

Ана Ололовска

ФОТО: Александра Мирчевска во најатрактивната катергорија-бикини фитнес

Ана Ололовска

Leave a Comment

4 × 4 =