ФОТО: Цитроен Кактус М концепт

Од:

Цитроен го претстави концептот Ц4 Кактус М, што е инспириран од познатото лесно теренско возило на компанијата, моделот Мехари.

Француската компанија, по неколку децении, повторно се враќа на идејата за кросовер возило со отворен покрив.

Цитроен Кактус М 2

Цитроен Мехари, кој беше популарен 60-тите и 70-тите години на 20 век, е земен само како идеја, бидејќи новиот Кактус М во суштина е современо рекреативно возило базирано на моделот Ц4 Кактус.

Цитроен Кактус М 3

Според дизајнерите, идејата била да се создаде отворено возило за забава и уживање, што може со леснотија да се справи со секаков вид на терен и предизвици со кои се соочува.

Дизајнот е преземен од Ц4 Кактус, но Цитроен секако успеал да го оживее духот на Мехари преки низа детали. Кабината е целосно отворена, а фактот дека ова возило е наменето за младите е скалилото на задниот дел, што патниците може да го користат за да „скокнат“ во возилото без да користат врата.

Цитроен Кактус М 4

На подот на возилото е вграден канал за вода, со што може внатрешноста целосно да се исчисти со вода. Особено корисно за чистење на песокот од плажа.

Водоотпорните навлаки се дизајнирани во ведар, летен тон и во склад со сурферската субкултура.

Цитроен Кактус М 5

Цитроен Кактус М доаѓа и со платнен покрив, што се поставува преку предниот и заден лак, а што истовремено може да служи и како шатор.

Кактус М нема погон на сите четири тркала, но благодарение на Грип Контрол функцијата, возилото може да се справи со предизвикувачки теренски услови.

Цитроен Кактус М 6

Концептот ќе има светска премиера на Саемот на автомобили во Франкфутр, кон половината на септември годинава.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска