Формула 1: Торо Росо стана Алфа Таури и ги смени клупски бои

Од:

Досегашниот Формула 1 тим Торо Росо во иднина ќе се натпреварува во „летечкиот циркус“ под името Алфа Таури и во нови клупски бои.

Тимот го претстави и новиот болид за 2020 година (модел АТ01) кој е во црна и бела боја. Промоцијата се случи во „Хангар 7“ на Ред Бул во Салцбург.

Алфа Таури е модна куќа што е формирана во 2016 година од австриската компанија за производство на енергетски пијалаци. Тимот со седиште во Фиренца, Италија се викаше Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди на почетокот на 2006 година.

За Алфа Таури во новата сезона на Формула 1 шампионатот ќе возат Данил Квјат и Пјер Гасли кои останаа во екипата.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он