Формула 1 би можела да се вози и во Мексико

Од:

Додека се наближува денот за одржување на последната седница на Светскиот совет за моторспорт на ФИА, календарот за 2013 година се уште е отворен за рокади.

По саботните квалификации во Остин, камерите на Скај Спорт го уловија Карлос Слим јуниор, односно синот на најбогатиот човек во светот, во разговор со архитектот Херман Тилке, кој е потписник на дизајните на последните седум автодроми изградени за Формула 1, како и на некои градски патеки (Сингапур, Валенсија) кои беа прилагодени за потребите на светското првенство.

Првичните шпекулации велат дека сопственикот на мексиканскиот телеком не сака да се рекламира во Мекларен каде што буџетите се поголеми, ниту да го подигне својот буџет за Заубер каде што добил исклучително ниска цена по заминувањето на БМВ.

Доколку се нафати да биде промотор на трката во Мексико, Карлос Слим ќе го спонзорира и вториот мексикански возач Естебан Гутиерез преку седиште во Заубер, што би привлекло и повеќе навивачи на трибините. Како локација се спомнува улична трка во родниот град на Перез, Гвадалахара, но не се исклучува и можноста за реновирање на стариот автодром „Браќа Родригез“ во Њу Мексико, или изградба на нова патека во иднина. Се проценува дека оваа трка би можела да се случи најрано во 2014 година.

Присуството на мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон во гаражата на Заубер на денот на трката, би требало да биде своевидна гаранција за тоа.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он