Формирани четвртфиналните парови на Грен слемот во Њујорк

Од:

Со одигрување на последниот осминафинален меч во кој Енди Мареј (Велика Британија) го победи Денис Истомин (Казахстан), од ноќеска познати се сите двојки за четвртфиналната фаза на УС Опен.

Британецот славеше победа со 3:1 – по сетови 6:7, 6:1, 6:4 и 6:4.

Противник на Мареј ќе му биде Швајцарецот Станислав Варвинка кој во осминафиналето го совлада Томаш Бердих (Чешка) 3:1 – по сетови 3:6, 6:1, 7:6 и 6:2.

Претходно во четвртфиналето се пласира првиот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) по победата над Марсел Гранољерс (Шпанија) со 3:0 – по сетови 6:3, 6:0 и 6:0.

Ѓоковиќ ќе игра против Михаил Јужњи (Русија) кој место помеѓу осумте најдобри обезбеди поразувајќи го Лејтон Хјуит (Австралија) со 3:2 – по сетови 6:3, 3:6, 6:7, 6:4 и 7:5.

Двојки за четвртфиналето на УС Опен:

Рафаел Надал (Шпанија) – Томи Робредо (Шпанија)
Давид Ферер (Шпанија) – Ришар Гаске (Франција)
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Михаил Јужњи (Русија)
Енди Мареј (Велика Британија) – Станислав Варвинка (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ