Одбојкарките на Форца Волеј поведоа со 2-0 во победи во финлната серија од плеј офот во борбата за шампионската титула. Тие во вториот натпревар славеа победа над Јанта Волеј со 3:1 во сетови.
Домаќинот го доби првиот сет со 29:27, но тоа беше се што направија младите одбојкарки против фаворитот.
Следуваше серија од три сета на повеќекратниот македонски шампион за конечна победа. Резултатот во следните три сета беше 25:21; 26:24 и 25:15 за гостинките.
Веќе на следниот дуел Форца Волеј ќе има можност да ја освои седмата шампионска титула.