„Фолксваген“ го подготвува новиот „Туарег“

Од:

Прототип на третата генерација на СУВ моделот „Туарег“ на автомобилскиот бренд „Фолксваген“ деновиве е фотографиран со маскиран преден и заден дел.

Актуелниот „Туарег“ беше претставен уште во 2010 година, а покрај редизајнот од 2014 година почна да покажува знаци на старост.

„Шпионските“ фотогафии, настанати во текот на тестирањето на новиот модел на јавните сообраќајници, откриваат дека третата генерација е во последна фаза од развојот и дека до крајот на 2017 година може да се очекува премиерата на овој автомобил.

Како што дознава магазинот „Автокар“, новиот „Туарег“ ќе биде значителнои полуксузен од претходникот, за да се дистанцира од исто така големиот, но поевтин СУВ модел „Атлас“.

Механичката платформа и моторизација „Туарегот“ ќе ја дели со новиот „Ауди Q7“ и другите СУВ модели со слична големина на групацијата „Фолксваген“, како што се „Бентли Бентавга“ и следната генерација на „Порше Кајен“.

Како можно место за премиерата на моделот се наведува Саемот на автомобили во Франкфурт, што ќе се оддржи во септември 2017 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска