Флик по поразот на Баерн: Самите сме виновни

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, и честиташе на Борусија Менхенгладбах за синоќешниот триумф од 3:2 со кој на актуелниот европски и германски првак му го нанесе првиот пораз во последните 103 денови во сите натпреварувања.

Баерн добро го отвори натпреварот во Менхенгладбах и по 26 минути игра имаше водство од 2:0, пред домаќините да направат целосен пресврт, прекинувајќи ја својата серија од четири натпревари без победа.

-Ривалот беше поефективен и ги казни нашите грешки. Игравме добро во почетните 30 минути и го диктиравме темпото, но уследија неколку наши грешки во транзицијата од одбрана во напад што домаќините го искористија на најдобар можен начин. Поразите се дел од играта, а за овој пораз самите сме виновни, оцени Флик.

За Баерн ова е втор пораз сезонава во Бундеслигата и прв во сите натпреварувања од 27 септември минатата година кога загуби од Хофенхајм.

„Баварците“ останаа првопласирани во Бундеслигата со 33 бодови од 15 натпревари, но второпласираниот Лајпциг со евентуален триумф попладнево против Борусија Дортмунд може да симне актуелниот шампион од лидерското место.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска