Фленсбург со две минимални победи над Монпеље избори четвртфинале во ЛШ

Од:

Ракометарите на Фленсбург обезбедија настап во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва по вторпат минимално со еден гол разлика го победија францускиот претставник Монпеље.

Во Фленсбург средбата заврши 31:30, а на првиот дуел во Франција беше 28:27.

Германскиот тим е претпоследниот кој се пласира меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

Претходно, четвртфинале обезбедија Вардар, Веспрем, Киелце, Кил, ПСЖ и Барселона.

Во тек е реваншот од осминафиналната пресметка меѓу Рајн-Некар и Загреб, по што ќе се комплетира списокот со четвртфиналисти.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ