ФК Тетекс одбележа 68 години постоење, повлечен дресот со број 4 во чест на неодамна починатиот Бошко Блажевски

Од:

Фудбалскиот клуб „Тетекс“ од Тетово со пригодни активности и ревијален натпревар за прв пат од осамостојувањето денес одбележа годишнина од основањето на 18 февруари 1953 година. Од употреба се повлече дресот со број 4 во чест на Бошко Блажевски кој лани почина, а играше 12 сезони во клубот и бил тренер и дел од управата.

Ревијалниот дуел со Брегалница од Штип времено беше запрен во четвртата минута во чест на бројот 4. Играчот на Тетекс, Мирослав Јовановски, кој го носеше дресот, заедно шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски, му го предадоа на семејството Блажевски.

– Голема чест за нашето семејство. Нека биде поттик за сите спортски работници, за младите и децата, дека се што ќе постигнат во спортот некој ќе им го памти тоа. Дека се возвраќа доброто за добро и дека целта ќе им биде исполнета до крај. Во 70-тите години имаше и проштален натпревар во негова чест кога се повлекуваше од активното играње фудбал, после тоа директно и индиректно вклучен во фудбалскиот клуб Тетекс како тренер, спортски работник во управа, редовно беше дел од клубот. Целиот свој живот го посвети на градот Тетово и ФК Тетекс, има многу кажани и неискажани приказни за неговото фудбалско патување, изјави синот Зоран Блажевски, инаку придружуван со внуците на Бошко, Дарио и Бобан.

Дресот со број 4 ќе биде во клупските простории. Во ревијалниот дел Тетекс ја совлада Брегалница од Штип со 4-0. Клубот додели благодарници на поединци, групи, спортски работници и медиуми за поддршката што ја даваат на клубот.

Бошко Блажевски почина на 76 години на 7 септември 2020 година. Тој својата кариера ја започнал како средношколец во клуб во Штип, па продолжил една година во ФК „Љуботен“, по што околу 15 години го носел дресот на ФК „Тетекс“. Блажевски има работено како тренер на младите категории во клубот и како спортски новинар.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он