ФК „Кит Го“ во хумана акција: Донација за лекување на Томе Јанев

Од:

Фудбалскито клуб „Кит Го“ од Пехчево со одлука на раководството на клубот се вклучува во акцијата за помош на поранешниот фудбалер на бројни домашни прволигашки клубови, Томе Јанев, на кого му е неопходен итен медицински третман во странство.

– ФК „Кит Го“ одлучи, клубот во име на сите фудбалери и негови вработени, да донира 60.000 денари како помош што побрзо да се соберат неопходните финансиски средства за лекување на Јанев, велат од ракововодството на ФК „Кит Го“.
Дваесет и деветгодишниот Томе Јанев, кој е поранешен фудбалер на Брегалница, Силекс, Хоризонт Турново и Беласица, боледува од ALS – болест на моторниот неврон. За да се подобри неговата состојба потребно е да оди на медицински третмани во болницата “Sential” во САД. Но, сумата од 44.500 долари е преголема за него и неговото семејство, поради што му е неопходна финансиска помош.

Сите лица и компании, за помош на Јанев, може да донираат на телефонските броеви на Македонски Телеком 143-454 и преку жиро сметка: 210-5017071183-75 (НЛБ Тутунска банка).

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски