Фиорентина со отказ за тренерот Монтела

Од:

Калчолигашот Фиорентина соопшти дека ја раскинува соработката со тренерот Винченцо Монтела поради непочитување на клубот.

Раководството на „виолетовите“ од Фиренца смета дека последните потези од страна на Монтела се јасен обид да се наруши договорот што беше потпишан пред околу две години.

– На наше големо жалење, можеме да заклучиме дека е нарушена меѓусебната доверба која мора да постои за соработката да продолжи. Поради тоа, за доброто на клубот, ние немаме друга опција освен да го прекинеме договорот со Монтела. Овој момент ни создаде организациски проблеми кои ние сега треба да итно да ги решиме. Се надевавме дека тренерот ќе се однесува со повеќе респект кон клубот и навивачите кои многу го почитуваа, стои во соопштените од Фиорентина.

Клубот под водство на Монтела сезоната во Италијанското фудбалско првенство ја заврши на 4.место со 18 победи, 10 нерешени и 10 загубени натпревари и обезбедено учество во Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач во Турција влезе на теренот и нокаутираше играч на Фиорентина

Предраг Петровиќ

Анчелоти: Јовиќ е сериозен играч, проблем е што е мрзлив

Винченцо Италијано ќе ја предводи Фиорентина

Жарко Настоски

Гатузо нов тренер на Фиорентина

Прандели позитивен на коронавирус, Фиорентина во изолација

Рибери ги повика Геце и Манџукиќ да потпишат за Фиорентина

Ландов