Новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“ е избран да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите што ќе се игра на 1 јуни 2019 година.
УЕФА ваквата одлука ја донесе по гласањето на 16 членови на Извршниот комитет на УЕФА. Капацитетот на стадионот е со 67.703 места.
Во конкуренција за организација беше и стадионот во азербејџанскиот главен град Баку. Но, на овој стадион ќе се игра финалето во Лигата Европа, додека европскиот Супер куп ќе се одигра на стадионот на Бешикташ.
Мадрид по петтипат ќе биде домаќин на финалето, а претходните четири се одиграа на стадионот „Сантијаго Бернабе“.