Финалето на Европското првенство дефинитивно ќе се игра во Лондон, децидна е УЕФА

Од:

Европската фудбалска асоцијација ги демантираше информациите за можен трансфер на финалето на ЕВРО 2020 од Англија во Унгарија.

– УЕФА е воодушевена што може да забележи зголемување на капацитетот на Вембли за разигрување до 50% од вкупниот број. Во моментов разговараме со локалните власти за да им дозволиме на навивачите да присуствуваат на натпреварите користејќи ригорозен тест и концепт на „меур“ што значи дека тие нема да бидат во Велика Британија повеќе од 24 часа и ќе патуваат само во одобрени возила.

Го разбираме притисокот со кој се соочува владата и се надеваме дека можеме да донесеме задоволителен заклучок за нашите разговори за ова прашање. Секогаш постои план за вонредни состојби, но ние сме убедени дека последната недела средбите ќе се играат во Лондон, се вели во соопштението.

Претходно беше објавено дека УЕФА може да го премести финалето од стадионот Вембли на „Арената Пушкаш“, доколку британските власти не го подигнат карантинот за ВИП гости.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана