ФИНА го усвои барањето на Пливачката федерација за промена на името

Одделението за правни работи на ФИНА, го извести претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФМ), Александар Маленко, дека Управниот одбор на ФИНА на својата седница одржана на 10 Јули 2019 година го прифати и усвои барањето на ПФМ за промена на името, со кое новото официјално име на нашата пливачка федерација ќе биде: Пливачка федерација на Северна Македонија – скратено: ПФСМ.

Федерацијата соопшти и дека обезбедила опрема за сите репрезентативци по потпишаниот договор за спонзорство со компанијата Флагман груп „ФИНИС“, за периодот 2019-2024.

Во меѓувреме, пливачката репрезентација на Северна Македонија е во Едирне (Турција), каде што се завршните подготовки за учество на претстојното Светско првенство во пливање.

Би можело да ве интересира

Филипчев: Маленко прави штета на македонското пливање

Ана Ололовска

Пливачите ќе побараат од ФИНА да ја укине забраната за учество на комерцијални турнири

Ана Ололовска

Александар Илиевски најдобар на Велешкиот пливачки маратон

Ана Ололовска

Петти велешки пливачки маратон на езерото „Младост“

Ана Ололовска

Петти велешки пливачки маратон в сабота на езерото „Младост“

Ана Ололовска

Марко Пејчиноски, малиот херој на маратонското пливање во Охрид

Ана Ололовска