ФИФА: Роналдо, Левандовски или Меси во финалето на изборот за најдобар во 2020 година

Од:

Португалецот Кристијано Роналдо (Јувентус), Полјакот Роберт Левандовски (Баерн Минхен) и Аргентинецот Лионел Меси (Барселона) влегоа во финалниот избор за наградата „The Best“ за најдобар фудбалер во светот во 2020 година, во изборот на ФИФА.

Иако конкуренти му се двајцата најдобри фудбалери на 21. век, Левандовски е голем фаворит за наградата, откако полскиот голгетер годинава освои сè што можеше да освои на клупски план, подигнувајќи ги трофеите со Баерн во Бундеслигата и Лигата на шампиони како најдобар стрелец.

За титулата најдобар голман конкурираат Бразилецот Алисон Бекер (Ливерпул), Германецот Мануел Нојер (Баерн) и Словенецот Јан Облак (Атлетико Мадрид), додека во конкуренција за најдобар тренер се Марсело Биелса (Лидс), Ханси Флик (Баерн) и Јирген Клоп (Ливерпул).

Кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во 2020 се Бразилецот Араскаета (Фламенго), Јужнокореецот Сон (Тотенхем) и Уругваецот Луис Суарез (Атлетико Мадрид).

Најдобрите во изборот на ФИФА ќе бидат прогласени на 17 декември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година