ФИФА очекува над шест милијарди долари приход до Мундијалот во Катар

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) остварува завидни финансиски резултати и покрај пандемијата на коронавирус, обелоденувајќи дека до почетокот на Мундијалот 2022 во Катар очекува во целост да го реализира планираниот четиригодишен приход од 6.44 милијарди долари.

ФИФА во својот годишен финансиски извештај наведе дека вкупната потрошувачка во 2020 година изнесувала 1.04 милијарди долари. Во оваа сума се вклучени грантови во висина од 270 милиони долари наменети за националните фудбалски асоцијации, донацијата од десет милиони долари за Светската здравствена организација, како и редовниот годишен бонус од еден милион долари за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Светската куќа на фудбалот посочи дека најголем дел од заштедите се благодарение на откажувањата на организацијата на младинските турнири, годишниот конгрес што требаше да се одржи во Етиопија и доделувањата на наградите на свечената церемонија во Милано.

Расходите за администрацијата од 169 милиони долари биле за 42 милиони долари помалку од планираниот буџет за минатата година.

-Патувањата се сведени на минимум, а голем број состаноци и тренинзи се одржаа онлајн, што произведе значителна заштеда на трошоците, соопшти ФИФА.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА