ФИФА му ја укина суспензијата на Рајола

Од:

ФИФА ќе ја укине суспензијата на Мино Рајола, со што на Италијанецот му се одврзани рацете да ги продава своите играчи во текот на летниот преоден рок.

Како што пишува „Дејли мејл“, казната на Рајола ќе биде укината и ќе може да ги продаде своите највредни играчи ова лето, меѓу кои се Матис де Лихт и Пол Погба.

Откако му беше изречена казната, најпознатиот фудбалски менаџер во светот ја обвини ФИФА дека подлегнала на притисоците на Италијанската фудбалска федерација, која наводно сакала да се пресмета со него.

Рајола беше суспендиран на три месеци на 9 мај, непосредно пред почетокот на летниот преоден рок, што значеше дека нема да може да ги продава играчите во англиските клубови, бидејќи периодот на транзиција во Англија завршува на 8 август.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени