ФИФА го одби барањето на Зеленски да испрати порака за мир на финалето на СП

Од:

ФИФА го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испрати порака до гледачите за важноста на мирот во светот пред почетокот на финалето на Светското првенство во недела.

Неименуван извор изјави за Си-Ен-Ен дека канцеларијата на Зеленски понудила украинскиот претседател да им се обрати на навивачите во Катар преку видео-врска, но дека предлогот бил одбиен. Засега не се знае дали пораката на Зеленски требало да се емитува во живо или да биде претходно снимена.

„Мислевме дека ФИФА сака да ја искористи својата платформа за поголемо добро. Но, треба да се забележи дека разговорите меѓу Украина и управното тело на ФИФА се уште се во тек“, додаде изворот.

Ова малку необично барање не е изненадување на украинската стратегија да се користат големите светски настани, без разлика на нивната содржина, за да го привлече вниманието на војната во Украина.

Зеленски се појави преку видео врска во неколку различни ситуации; од самитот на Г20 до Греми и Канскиот филмски фестивал. Тој исто така разговараше со голем број новинари и познати личности; вклучувајќи ги и Шон Пен и Дејвид Летерман.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

Зеленски: Ситуацијата во источна Украина е лоша

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски го посети Херсон, вети дека ќе обнови сè

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Зеленски во посета на линијата на фронтот во близина на Бахмут

(ВИДЕО) Зеленски: Ќе добиеме нова воена помош од земјите на НАТО

Зеленски по налогот за апсење на Путин: Историска одлука, од која ќе започне историската одговорност