ФИФА евакуираше втора група спортисти од Авганистан

Од:

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) објави денеска дека втората група од 57 авганистански спортисти, во најголем број млади фудбалерки и кошаркарки, успешно се евакуирани од Авганистан во Катар.

Минатата недела ФИФА соопшти дека во координација со катарските власти помогнале при евакуација на речиси 100 фудбалери, фудбалерки и нивните семејства од Авганистан во Катар.

– Ги повикуваме сите наши пријатели во владите и целата меѓународна заедница да ни помогнат во издавањето дозволи и визи за сите евакуирани со цел тие да можат да започнат нов живот во безбедно опкружување, изјави претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Откако на 15 август талибанците ја презедоа власта во Авганистан уследија масовни евакуации од таа земја.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов