ФИБА ја казни Болоња со 250.000 долари

Од:

Екипата на “Виртус Болоња” е казнета со 250.000 долари за намерата да направи трансфер од” Лигата на шампиони” на “ФИБА” во Еврокупот на ривалската кошаркарска организација “ЕЦА” под чија капа е Евролигата.

По финансиските проблеми во кои западна, италијанскиот клуб реши да атакува на „А“ лиценца што ќе му овозможи настап во елитната Евролига, а тоа воопшто не е по мерка на челниците на “ФИБА” кои во таквата амбиција на некогашниот европски првак гледаат „предавство“.

Со изречената казна, “ФИБА” упати предупредување и до останатите клубови за третманот што би го добиле доколку се решат да одат по стапките на “Виртус Болоња”.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он