ФФМ објави допис од УЕФА и ФИФА во врска со спорот со АМС

Од:

Фудбалската федерација на Македонија денес го објави официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот меѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ.

– Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја поддржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.

Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.

Иако датумот на изборното Собрание сè уште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.

Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание, стои во дописот објавен на веб-страницата на ФФМ.

На последната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ја информираше јавноста за медиумски манипулативно известување со неважечка содржина споделено од Агенцијата за млади и спорт кое имаше за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија. Апсолутно сме убедени дека и во иднина заедно со сите поврзани чинители посветено ќе работиме на подобрување на условите во македонскиот фудбал, согласувајќи се околу потребата за спроведување и имплементација на македонските закони, порачуваат од ФФМ.

Би можело да ве интересира

УЕФА нема да го презакаже финалето во ЛШ и покрај влошената состојба со коронавирус во Турција

Ана Ололовска

УЕФА откри местење натпревари во српското фудбалско првенство

Катерина Павлова-Николовска

Македонската репрезентација напредуваше три места на рангирањето на ФИФА

Жарко Настоски

УЕФА воведе правило за пет измени на Европското првенство

Селекторот Ангеловски го повика Сејдини на средба, од ФФМ велат претседателот е позитивен на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

ФИФА му изрече нова суспензија на Сеп Блатер