ФФМ го заклучи фудбалското првенство – Вардар официјално шампион, но нема да игра во Европа

Од:

На денешната седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесена е одлука да се прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на Првата македонска фудбалска лига од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ.

Со ова, првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Првата МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020.

„Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, клубот нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020, стои во соопштението на ФФМ.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на екипите кои обезбедуваат право за учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021. Со право за  учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021 се стекнаа Силекс – УЕФА Лига Шампиони, ФК Шкендија и Ренова Шкупи – Лига на Европа.

Усвоен е и календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021. Согласно календарот за натпреварување, Прва МФЛ ќе започне на 9 август 2020 година, додека на 22 август ќе стартува новата сезона од Втора МФЛ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат