Фетел: Во одреден момент, парите престануваат да бидат главна цел

Од:

Пилотот Ферари, Себастијан Фетел призна дека не знае дали е подготвен да го напушти елитниот тим за поголема плата. Претходно се појавија гласини дека Германецот може да си замине од Ферари во Рено или Мекларен.

– Не знам, не можам да кажам ништо. Се зависи од ситуацијата. Ако сте биле 15. откако се боревте цел живот за 18. место, може да изгледа дека ова е најдобриот момент во животот. Меѓутоа, кога се борите за првите пет, а потоа започнувате борбата за првите десет, ова е нешто друго. Но, кога поминавте десет години во првите пет, а потоа ќе станете 15., чувствата се сосема различни. Погледнете го Раиконен. Сега тој не може да се бори за победа. Секој сака да победи, во спротивно, нема да добиете задоволство. Целта ми е непроменета – да победам со Ферари. Мисијата не е променета. Во одреден момент, парите престануваат да бидат најважната работа. Но, секогаш постои желба да уживате во работата. Ако сте мотивирани од пари, борете се за нив. Поради ова напредуваат многу спортисти. Но, понекогаш доаѓа границата, изјави Фетел.

Новата сезона во Формула 1 требаше да почне минатата недела, но поради ситуацијата со коронавирусот, нејзиниот почеток е одложен на неодредено време. Бранител на трофејот е Луис Хамилтон.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона