Фетел останува во Ферари до крајот на договорот

Од:

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, изјави дека нема причина да верува дека ќе го напушти тимот, во случај да не ја освои шампионската титула во новата сезона.

Германецот вози за италијанскиот тим од 2015 година.

Секој знае дека имам договор до крајот на 2020 година. Затоа, нема смисла да се очекува промена. Јас сум задоволен со сè тука и сакам да победам на шампионатот. Имаме уште да одработиме до стартот на новата сезона, но мора да ја исполниме оваа мисија. Ферари отсекогаш ме инспирираше, и имам страст за трки. Ја разбирам мојата задача овде, изјави Фетел.

Нема сомнение дека Леклер ќе биде многу брз. Имаме со него слично чувство за болидот. Мислам дека брзо ќе го преземе темпото. Главната задача е да работиме заедно како тим, изјави Фетел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра

Чешката полиција со луксузно Ферари ќе гони криминалци

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Франција

Епл ТВ-плус најавува тркачка серија на Стивен Најт

Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран

Ферстапен стравувал дека Ферари се пребрзи

А1он