Фетел: Не е јасно во кој правец се движи Ферари

Од:

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сумираше резултатите од британското Гран при кое го заврши на 10. место и освои само бод.

– Не е најдобрата трка за мене. Пробав сè, го сменив мојот стил на возење. Но, овој викенд не беше можно да се најде заеднички јазик со болидот. Имав проблеми на секои два или три круга. На крајот, не му верував на автомобилот.

Во моментот се движиме во непознат правец. Имаме основен проблем – или со мене или со автомобилот. Отпрвин се надевав дека сè ќе биде добро, но веќе во првите кругови не се чувствував пријатно. Не можеш постајано да напаѓаш. Тоа повеќе личи на одбрана отколку на напад, изјави Фетел.

За разлика од Фетел кој е далеку зад најдобрите, другиот возач на Ферари, Шарл Леклер, по првите четири трки од Шампионатот во Формула 1 има два подиума.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона