Фетел: Меѓу мене и Ферари нема повеќе љубов

Од:

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел зборуваше за тоа како се промениле неговите односи со тимот по објавувањето на неговото заминување на крајот на сезоната 2020.

– Ова е тешка сезона за мене. Почнав да се сомневам во себе затоа што не можев да постигнам успешни резултати. Од моментот кога стана познато дека го напуштам тимот, ситуацијата беше сосема поинаква. Јас не сум вклучен во тимот како порано. Не сакам да кажам дека трошам време тука, но најважно за мене сега е иднината. Мојот однос со Ферари се олади, повеќе нема љубов меѓу нас. И покрај ова, сакам да се докажам во преостанатите трки од сезоната, изјави Фетел за „Welt“.

Во неделата, на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Турција, Фетел го освои 3. место.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона