Фетел: Формула 1 е спорт во кој луѓето се многу кратковиди

Од:

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел се идентификува како свој најголем критичар пред Гранд При на Германија, кое ќе се одржи овој викенд.

Од почетокот на сезоната 2019, забелешките кон четирикратниот светски шампион значително се зголемија, особено со оглед на тоа што во тековната кампања тој нема победа.

Згора на тоа, во неколку наврати беше префериран на сметка на неговиот млад колега, Шарл Лекелер, и покрај тоа што пилотот од Монако заостанува зад него со само 3 бода во генералниот пласман.

– Ако земам погрешно решение и направам грешка, не можам да бидам среќен со тоа. Тензијата, под која сам се поставувам, е далеку поголема од сите други надворешни фактори. Работите отсекогаш биле вакви, откако јас се сеќавам. Мислам дека сите знаеме дека Формула 1 е спорт во кој луѓето се многу кратковиди, но тоа е дел од играта. Очигледно, оваа година не се развиваше начинот на кој сакавме, ако ги земем во предвид претходните две. Сепак, мислам дека има напредок во вистинската насока и со оглед на поголемата слика“, изјави четирикратниот светски шампион пред новинарите во Хокенхајм.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона