Ферстапен победи пред двата Мерцедеси во Франција

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, е победник на трката за Големата награда на Франција. Холанѓанецот победи пред возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Ферстапен ја забележа 27. победа во кариерата. Трагичар е Шарл Леклер, возачот на Ферари додека беше лидер во трката излета од патеката и се заби во безбеносната ограда во 16.круг.

Ферстапен со откажувањето на Леклер направи уште еден чекор кон одбрана на шампионската титула. Мерцедес во Франција имаше одлична трка, најдобра оваа сезона. Хамилтон, во текот на целата трката лесно ја чуваше својата позиција, а Расел на три круга пред крајот успеа да го престигне Серхио Перез, кој на крајот го освои четвртото место.

Бодови на „Пол Рикард“, Карлос Саинц (Ферари), Фернандо Алонсо (Алпин), Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин), Даниел Рикардо (Мекларен) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Наредната трка ќе се вози во Унгарија наредната година.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона